Букурешт, 18. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Романски ЦСМ Букурешт го грабна вардаровото трио Јованка Радичевиќ, Драгана Цвијиќ и Андреа Лекиќ, откако женскиот македонски ракометен првак од лето ќе остане без својот супер-тим, по одлуката на раководството на клубот од следната сезона да настапува само со македонски ракометарки.
Букурешт со вардаровото трио сега прави суперсилен тим кој треба да им донесе нови европски титули. Лекиќ и Радичевиќ во Скопје дојдоа во 2013 година и ова им е петта година како се дел од црвено-црното семејство, додека Цвијиќ на вардарки им се приклучи летоска, но сега по една сезона си заминува од Скопје.
– Го избравме ЦСМ затоа што е еден од најголемите клубови во Европа и сака секоја година да ја освојува ЛШ. Тоа беше и моја амбиција и јас сум возбудена што е бидам дел од овој тим со извонредни ракометарки. Многу убави работи случнав за Букурешт и едвај чекам да го истражам градот, рече Лекиќ на промоцијата.
Цвијиќ и лани била близу до трансфер, но го избрала Вардар, па сега по една сезона и таа и се придружува на сонародничката Лекиќ.
Пред ова трио на Вардар, француската голманка Амандин Лејно официјално беше промовирана за нова голманка на унгарски Ѓер, а нејзината сонародничка Лакарбер од претходно беше објавено дека се враќа во татковината и тоа во Флери. (Крај)
извор: Sport1 фото: fb