Ливерпул, 29.мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Ливерпул синоќа официјално го договори првото големо засилувањe за следната сезона, откако од официјалната страна на клубот пристигна соопштение дека доаѓа Бразилецот Фабињо од Монако, во трансфер вреден 50 милиони евра.
Тренерот на „Црвените“, Јирген Клоп, сака да го засили средниот ред, па веднаш после Наби Кеита, кој беше договорен уште минатото лето од Лајпциг, пристигна уште еден сличен фудбалер.
Двајцата играчи се добри во дефанзивните задачи, но и постигнуваат многу голови, па Емре Чан наскоро ќе биде заборавен.
Цената за Фабињо изнесуваше 50 милиони евра, а Ливерпул се уште чека засилување на голманската позиција.
„Потпишавме фантастичен играч, но и фантастична личност. Со сите што разговаравме велат дека поради својот карактер тој е омилен лик во соблекувалната. Фабињо може да игра на неколку позиции. Тактички е силен. За него може да се каже дека поседува голема фудбалска интелигенција. Мислам дека ќе го подобри нашиот тим, а во овој момент тоа не можете да го кажете за многу играчи. Ми се допаѓа тоа што е млад, а истовремено многу искусен со голем број на одиграни натпревари“, изјави Јирген Клоп, кој не го криеше своето воодушевување од овој трансфер. (Крај)
извор: Кајгана фото: ФБ