Ливерпул, 4. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Управата на Ливерпул планира да организира проштален натпревар за легендарниот Стивен Џерард, кој ова лето ќе се пресели во Лос Анџелес Галакси.
Како што пишуваат британските медиуми, ревијалниот натпревар ќе се одигра на „Енфилд“ на 29-ти март, а на него ќе учествуваат поранешните и сегашните соиграчи на Џерард.
34-годишниот Џерард по 17 години минати во клубот од Ливерпул реши да си замине од „Енфилд“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 3