Ливерпул, 1. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на Ливерпул би можела да има големи проблеми, бидејќи на клубот му се заканува забрана за купување играчи, но засега само во младите категории.
Според медиумите од островот, клубот од „Енфилд“ не ги почитувал правилата за ангажирање на млади фудбалери.
Ливерпул може да добие забрана да купува играчи одреден период поради 12-годишен тинејџер кој од екипата на Стоук се пресели на „Енфилд“, но при неговиот трансфер имало нерегуларности. Црвените ќе треба да им исплатат 49.000 фунти на „грнчарите“ за младиот фудбалер да добие шанса да заигра со великаните.
Тимот од Енфилд може да ја доживее истата судбина како и Барселона, Атлетико и Реал Мадрид, кои имаа забрана дури и по два трансфер периоди. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива