Мелбурн, 14. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Македонската тенисерка Лина Ѓорческа во последното квалификациско коло загуби од Стефани Вогел, останувајќи само на чекор од главниот турнир во Мелбурн.
Ѓорческа беше поразена во три сета со 6-4,3-6,2-6 од швајцарската тенисерка која е на 114. место на ВТА ранг листата.
Пласманот до третото квалификациско коло на еден Грандслем турнир досега е најголем успех на Лина Ѓорческа но и за македонскиот тенис воопшто. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 2