Скопје, 13. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – РФМ на својата интернет страница соопшти дека Лино Червар и официјално не е повеќе селектор на Македонија, додека неговиот статус во Металург засега се уште останува отворен.
Хрватскиот стратег со писмо ја известил РФМ дека ја прифатил понудата од Хрватска, по што спогодбено е раскинат договорот.
Медиумите шпекулираат дека иако ситуацијата засега во репрезентацијата е мирна, во екипата на Металург веќе има неколку звучни тренерски имиња кои се во комбинација да го наследат Червар на клупата. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 26