мај 30, 2018

Охрид, 30. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Вклучување на Локалната самоуправа во одбележувањето на ликот и делото на загинатите бранители. Со вакво барање излегоа претставниците на Здружението на фамилиите на загинатите припадници на вооружените сили на Македонија „ Херои на Македонија 2001-2015“.

Тие остварија средба со градоначалникот Јован Стојаноски и началникот на СВР Охрид, Сашо Смилески.

29_05_2018_BRANITELI_02

На средбата било договорено општината да организира меморијален турнир во мал фудбал кој ќе го носи името на загинатиот бранител Благојче Крстаноски од селото Ливоишта, а здружението до охридскиот совет да достави барање за покренување на постапка, една улица да го носи неговото име.

Локалната самоуправа традиционално и годинава ќе го поддржи традиционалното дружење на семејствата на бранителите кое ќе се одржи од 24-ти јуни до 1-ви јули во одморалиштето на МВР во Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Општина Охрид

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука