октомври 30, 2017

Охрид, 30. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Одговорните во Општина Охрид, веднаш по изборите започнуваат со решавање на проблемот со кучињата скитници, за кој охриѓани реагираа во повеќе наврати.

За денес најавена е прес конференција на највисоко ниво, од страна на самиот градоначалник Јован Стојаноски, што доволно зборува за итноста и важноста на проблемот.

Супер радио и OhridPress неодамна испратија јавен апел до новата локална власт во Охрид конечно да се реши овој проблем, затоа што кучиња веќе подолг период наназад се забележуваат и на градскиот плоштад, во стариот дел на градот, низ охридската чаршија и низ улиците во центарот на градот.

Охриѓани оправдано се загрижени за својата и безбедноста на своите деца, особено што често пати кучињата се врткаат околу и во училишните дворови. Спасот го гледаат во изградба на стационар за згрижување на кучињата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука