Охрид, 27. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во пресрет на зимската сезона и најавите за влошување на временските услови, градоначалникот Стојаноски денес одржа координативен состанок со неговите соработници и директорите на Јавните претпријатија.
Целта на состанокот беше да се утврди подготвеноста на општината и службите за навремено реагирање и обезбедување услови за нормално работење и функционирање на граѓаните и компаниите.
извор: www.ohrid.gov.mk фото: www.ohrid.gov.mk
Прочитано: 9