Милано, 19. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан покажува интерес за играчот на Волфсбург,Луис Густаво.
Бразилскиот репрезентативец изминатиот преоден рок беше трансфер мета на Интер и Јувентус, но пропаднаа преговорите со германскиот клуб и трансферот не се реализираше.
Луис Густаво има договор со „волците“ до 2018 година, па на лето сигурно ќе го напушти клубот, а бидејќи има уште една година од договорот, неговата цена нема да биде поголема од 10 милиони евра. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 22