април 8, 2017

Милано, 8. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Италијанските медиуми пренесуваат дека тренерот на Рома, Лучијано Спалети прифатил од јуни да седне на клупата на Интер.

Интер и Спалети изминативе денови имале интензивни средби по што, според тврдењата на медиумите, Спалети прифатил на ангажман во Интер, на местото на Стефано Пиоли.

Еден од фаворитите за нов предводник на Интер на управата на клубот беше Антонио Конте, но кога и дефинитивно стана јасно дека тој останува во Челзи, тогаш Интер се насочи кон Спалети. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука