Торино, 12. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на Јувентус направи голем чекор кон пласман во полуфиналето во Лигата на шампионите, откако во првиот четвртфинален меч синоќа ја декласираа Барселона со 3-0.
Играч на натпреварот беше Паоло Дибала, кој ги постигна првите два гола, додека стрелец на третиот гол беше Џорџо Кјелини.
Реваншот во Барселона ќе се одигра за осум дена, додека натпреварот помеѓу Дортмунд и Монако беше одложен поради терористички напад на автобусот во кои патуваа домаќините. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: Б92
Прочитано: 16