Париз, 15. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на Барселона синоќа во Париз, го доживеа еден од најтешките порази во ЛШ.ПСЖ не само што го декласираа каталонскиот клуб со 4-0,тие станаа шестиот тим кој против Барселона постигнал четири гола, по Милан, Динамо Киев, Валенсија, Челзи и Баерн Минхен.
Фудбалерите на Бенфика со минимална предност ќе патуваат на осминафиналниот реванш во Дортмунд, откако на „Луж“ стадионот ја победија Борусија со 1-0.Трагичар на мечот е напаѓачот на Борусија, Пјер-Емерик Обамејанг, кој во 10-та минута не реалзиира „чиста“ шанса, а во 55-та минута не успеа да реализира пенал.
Вечерва на програмата се дуелите Баерн Минхен-Арсенал и Реал Мадрид-Наполи. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 21