мај 4, 2017

Монте Карло, 4.мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на Јувентус направи голем чекор кон пласманот во финалето во ЛШ, откако синоќа на гости го победија Монако со 2-0.

Фудбалерите на Масимилијано Алегри, одиграа тактички беспрекорен меч, во целост го оневозможија Монако да ја игра својата игра, а шансите кои домаќинот успеа да ги направи успешно ги одбрани Џиџи Буфон.

Стрелец на двата гола за старата дама беше Игуаин  во 29-та и 59-та минута,а реваншот во Торино ќе се одигра на 9.мај. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука