април 27, 2017

Скопје, 27. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – РК Вардар вечерва го игра четвртфиналниот реванш во Лигата на шампионите против германскиот Флензбург.

Со победата на првиот меч во Германија 26-24, вардарци се на чекор од завршниот турнир во Келн, но сите во клубот се свесни дека работата сè уште не е завршена.Тренерот Гонзалес на прес конференција истакна дека само со игра која треба да биде подобра од онаа во „Фленс арена“, ќе биде остварена целта зацртана пред четири години, а тоа е пласман во елитната четворка на европскиот ракомет.

Натпреварот Вардар – Фелнзбург се игра вечерва  во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 19 часот. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука