Ливерпул, 5. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Ливерпул обезбеди солидна предност пред реваншот на Етихад откако со 3-0 триумфираше над Манчестер Сити, Барселона со 4-1 ја доби пресметката со Рома.
„Црвените“ со фуриозни половина час му нанесоа пораз од 3-0 на Манчестер Сити и обезбедија солидна предност за реваншот на Етихад.Салах го отвори резултат во 12. минута по едно невнимание на Вокер. Окслејд Чемберлејн потоа испрати проектил од далечина за 2-0, а пеколниот половина час заврши со гол со глава на Мане.
Ливерпул во продолжението од мечот без многу проблеми ги сопираше сите налети на Манчестер Сити, но домаќините се загрижени од повредата на својот најдобар играч, Мо Салах.Египјанецот се пожали на бола во мускулот и предвреме го напушти мечот, па сега Клоп нервозно ќе ги чека вестите за сериозноста на повредата.
„Каталонците“ со една нога се помеѓу четирите најдобри во најелитното европско натпреварување. Синоќа пред своите фанови, Барса триумфираше со 4-1 над Рома.Гостите сосема солидно одолеваа се до пред финишот на првиот дел кога Де Роси во обид да пресече едно додавање до Меси си постигна ефектен автогол.
На стартот од вториот дел, Алисон одново беше совлада од сопствен играч, овој пат Манолас ја затресе сопствената мрежа. Во 59. минута веќе беше 3-0. Жерард Пике се најде осамен во петерецот и еден „отпадок“ го претвори во гол.
Џеко во 80. минута колку толку ја врати надежта кај гостите и намали на 3-1, но во финишот од мечот Суарез постигна гол во Лигата на шампионите по година дена и донесе победа од 4-1.
Реваншите на програмата се наредната недела. (Крај)
извор: Мкд.мк фото: архива