Дортмунд, 13. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалерите на Монако се во предност по првиот четвртфинален натпревар, во Лигата на шампионите, откако на „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд, ја победија Борусија со 3-2.
Монако го искористи шокот во кој се најдоа фудбалерите на Борусија, по терористичкиот напад врз нивниот автобус и стекнаа голема предност пред реваншот на кој ќе бидат домаќини.Екипите на Реал и Атлетико исто така се во предност по првите четвртфинални натпревари.Кралевите победија на тешкото гостување во Минхен со 2-1, а Атлетико минимално со 1-0 го порази Лестер на домашен терен.
Реванш натпреварите во Мадрид, односно Лестер, ќе се одиграат за шест дена. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 17