Манчестер, 21. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва продолжуваат возбудувањата во осминафиналето од фудбалската Лига на шампиони,првите меѓусебни дуели ќе ги играат Манчестер Сити-Монако и Баер Леверкузен-Атлетико Мадрид.
Сити ја има улогата на фаворит, а Пеп Гвардиола досега секогаш успевал да ја помине оваа фаза во елитната лига со различни клубови.
Вториот вечерашен дуел е реприза на осминафиналето од пред две години, кога екипата на Леверкузен во првиот меч славеше дома со 1-0, но на гостувањето кај Атлетико Мадрид беше поразена со 2-0. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 18