Манхајм, 31. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Ракометарите на Кил се третиот четвртфиналист во ЛШ по триумфот против Рајн Некар Левен со 24-26 во вториот меч од осминафиналето во ова елитно натпреварување.
Тимот од Манхајм на првиот натпревар во гости славеше со 24-25, но не успеа синоќа да ја сочува предноста во реваншот на домашен терен иако во поголемиуот дел од мечот беше во минимална предност.
Во Топ 8, Кил им се приклучи на Вардар и на Барселона кои како првопласирани во групната фаза, обезбедија директен пласман во четвртфиналето. Исто како и минатата година во следната четвртфинална фаза Кил ќе игра против Барселона. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 26