јануари 3, 2023

Охрид, 3. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Магла и слаб дожд утрово на третиот ден од новата година во преубавиот Охрид.

Времето, кое утрово беше релативно ладно, сепак не ги поколеба охриѓани, но и бројни гости да излезат и да уживаат покрај езерото.

Забележливо е дека бројот на посетители е намален, но се’ уште е раздвижено, особено по угостителските објекти на првата езерска линија.

Метеоролозите за денеска во Охрид денес најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди. Максималната температура ќе се искачи до 12. степени.

– Продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време со релативно високи дневни температури. По котлините вклучувајќи ја и Скопската Котлина и понатаму ќе има појава на магла и ниска облачност со променлив интензитет, особено во ноќните и претпладневните часови, како и пониски дневни температури. Денес попладне ќе започне да дува слаб до умерен северозападен ветер, особено долж Повардарието, кој ќе продолжи и утре, поради што преодно ќе се намалат условите за магла, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука