Охрид, 20. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Таеквондо ИТФ Македонија под водство на претседателот Марјанчо Лазаревски црн појас IV дан , поранешен светски вицешампион, од 23- ти до 30-ти април ќе учествува на Европското Таеквондо ИТФ првенство во Талин –Естонија.
Боите на нашата држава ќе ги бранат: Ацо Јосифски црн појас IV дан, поранешен светски шампион кој ќе се натпревараува во две дисциплини , во форми за дан ветерани и борби -71 кг. ветерани, како и Филип Јосифоски, црн појас II дан, кој ќе се натпреварува во 3 дисциплини , форми црн појас дан сениори,борби – 64 кг. сениори, и специјални техники сениори.
– Подготовките течеа последните два месеци секојдневно, го дадовме нашиот максимум и се надеваме на солидни резултати. Знаеме дека кокуренцијата е огромна, учествуваат едни од најсилните репрезентации во светот како што се Русија, Украина, Бугарија, па освоен медал на Европско првенство ветува и медал од светско. Најмногу се надеваме на Филип во борби и специјални техники,кој досега на многу меѓународни натпревари се покажа одлично , па се надеваме дека ќе го даде максимумот и ќе не израдува со добар пласман, вели Марјанчо Лазаревски предводникот на нашата репрезенатција.
Тој упати благодарност на генералниот спонзор „ПН метал”, кој е најзаслужен за нивниот настап на ова Европско првенство. Воедно викендов во Скопје помладите натпреварувачи ќе учествувааат на Меѓународен ВТ турнир, на кој ќе настапат неколку дебитанти , кои за првпат ќе го почувствуваат натпреварувачкиот дух. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива