јануари 31, 2018

Скопје, 31. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – На Зимските олимписки игри кои што ќе се одржат во Пјонгчанг, Јужна Кореја, Македонија ќе ја претставуваат тројца спортисти.

Боите на Македонија ќе ги бранат Антонио Ристевски (алпско скијање: слалом и велеслалом), Ставре Јада (крос кантри: спринт и 15км.) и Викторија Тодоровска (крос кантри: 10 км.).

Делегацијата ќе отпатува за Пјонгчанг на 7 февруари, а два дена претходно ќе се одржи и свечената презентација на спортистите.На ЗОИ ќе настапат спортисти од 92 држави, односно Национални олимписки комитети. Тие ќе се натпреваруваат во 7 спортови, 15 спортски дисциплини и 102 спортски натпреварувања.

Игрите започнуваат на 9 февруари, а ќе траат две седмиици, односно до 25 февруари. (Крај)

извор: А1.он.мк фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука