Скопје, 12. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во најновиот извештај на меѓународната медиумска организација „Репортери без граници“, Македонија се најде на 117 место од вкупно 180 земји рангирани според слободата на медиумите.
Во извештајот е истакнато дека во текот на минатата година, новинарот Томислав Кежаровски бил во домашен притвор и дека ситуацијата со медиумите во Македонија била лоша. Како големи проблеми се истакнува и политичкото распределување на државните реклами и злоупотреба на тужбите за клевета, како начин на притисок врз новинарите.
Минатата година, на оваа листа Македонија беше рангирана на најниско место во нејзината историја, на 123 место. (Крај)
извор: ОхридПрес/МИА фото: архива
Прочитано: 7