Скопје, 12. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Македонската претставничка на годинешниот избор за Песна на Евровизија, Јана Бурческа, не успеа да избори настап на финалната вечер.
Јана синоќа настапуваше трета во втората полуфинална вечер.
Бурческа во промотивното видео најави дека е бремена, а во текот на одржувањето на настанот, нејзиното момче ја побара за жена.
Финалната вечер ќе се одржи утре, а ќе учествуваат претставниците на: Бугарија, Белорусија, Хрватска, Унгарија, Данска, Израел, Романија, Норвешка, Холандија и Австрија, Молдавија, Азербејџан, Грција, Шведска, Португалија, Полска, Ерменија, Австралија, Кипар и Белгија, земјата домаќин – Украина, како и земјите кои во континуитет се во финале, без оглед на пласманот, Германија, Италија, Обединето Кралство, Шпанија и Франција. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива