Виена, 21. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Македонија, Словенија и Црна Гора добија зелено светло од Меѓународната ракометна федерација да бидат организатори на Европското првенство во ракомет за жени во 2022 година.
Федерациите на трите држави ги исполниле сите критериуми и барањата, па првенството ќе се игра во Скопје, Љубљана, Целје и Подгорица.
Скопје и Љубљана ќе бидат домаќини на еден од натпреварите по групи во главната фаза, а завршницата ќе се игра во Љубљана. (Крај)
извор: АлсатМ фото: архива
Прочитано: 5