Цирих, 12. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Македонската фудбалска репрезентација забележа мал пад на најновата ранг-листа на ФИФА, која беше објавена утрово.
По двете нерешени средби во мартовските пријателски натпревари во Анталија, против Азербејџан (1-1) и Финска (0-0), нашата селекција падна за две места во однос на претходното рангирање, и сега со вкупно 441 поен, се наоѓа на 77. место.Врвот на оваа листа не претрпе некои поголеми промени.
Лидер сè уште е селекцијата на Германија, втората позиција ја зазема Бразил, додека забележителен скок направи Белгија и сега е на третото место.Во најдобрите десет мести имаше и за Португалија, Аргентина, Швајцарија, Франција, Шпанија, Чиле и Полска. (Крај)
извор: Гол.мк фото: архива
Прочитано: 20