Скопје, 30. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – По десетти, јубилеен пат, на 14-ти ноември во Македонската Опера и балет ќе се одржи Македонскиот радиски фестивал МАРС 2017. Супер радио и годинава ќе биде дел од истиот и со своите предлози ќе помогне да се изберат најдобрите хитови за годинава која е зад нас.
И овој пат ќе бидат избрани најпопуларните радиски хитови на годината, селектирани од преку триесет радиостаници од Македонија кои до организаторот ги испратија своите листи со највртени македонски хитови во тековната година. Во првата селекција имаше 500 песни испеани од над 100 домашни изведувачи, но во финалната листа се најдоа само единаесет, и тоа: Влатко Лозаноски со „Ова лето ќе се памти“, Кристина Арнаудова со „Љубена“, Викторија Лоба и „Дојди“, Ај кју со „Мојот крал“, Сара Мејс со „Небо“, Наташа Малинкова со „Хеј мама“, ДНК со „Невозможна мисија“, Димитар и Тајфата со „Остани“, Теа и Панчо со „Рушевини“, Ања Ветерова со „Рамбамбам“ и Некст тајм со „Слушам кај шумат шумите“.
Супер радио традиционално дел од МАРС
Организаторот најави специјални гости, чии имиња во моментов не ги открива, но, сепак, ќе бидат домашни музичари, а не како вообичаено изведувачи од регионот. (Крај)
извор: Репортер/ОхридПрес фото: архива