февруари 20, 2023

Скопје, 20. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Агенцијата за лекови МАЛМЕД претпладнево издаде одобрение за увоз на лекот „Трикафта“ за пациентите од цистична фиброза.

Од Агенцијата за лекови за Телма потврдија дека сите процедури за одобрување на увозот на „Трикафта“ се завршени, а сега се зависи од производителот „Вертекс“ и од македонскиот застапник на компанијата да го реализираат увозот.

Надлежните во детската клиника каде ќе се одвива лекувањето со интервентната пратка „Трикафта“ очекуваат лекот да пристигне во наредните десетина дена.

Станува збор за интервентен увоз на „Трикафта“ за 8 најкритични пациенти. За редовно снабдување со „Трикафта“ и за останатите пациенти на кои им е потребен овој лек за нормален живот и за успешно лекување треба да се сменат три закони.

Владата веќе изготви предлог закон за промена на правилата за јавна набавка за да се овозможат директни преговори меѓу државата и компанијата „Вертекс“ кој е и носител на патентот за „Трикафта“ и единствен производител.

Измените на законот треба да ги изгласа Собранието. (Крај)

извор: Телма фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука