Манчестер, 23. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Англиските медиуми пренесуваат дека младиот талентиран италијански голман Џанлуиџи Донарума летово ќе стане најскапиот играч во историјата на фудбалот.
Според „Скај спорт“, Манчестер сити за 18-годишниот голман, е подготвен на Милан да му плати неверојатни 150 милиони евра.
18-годишниот Донарума зад себе веќе има две професионални сезони, дебитираше на голот на Италија и веќе е извесно дека тој ќе биде наследникот на Буфон на голот на „аѕурите“. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 22