Лондон, 13. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалерите на Манчестер јунајтед ќе бидат ослабени за вечерашниот четвртфинален дуел од ФА Купот против Челзи, откако Мурињо остана без четворицата главни напаѓачи токму пред мечот со својот поранешен клуб.
Златан Ибрахимовиќ поради суспензија нема да настапи вечерва, а дополнителен проблем е што Вејн Руни настрадал на последниот тренинг од Фил Џонс.Маркус Рашфорд е болен а исто така на повреда се жалел и Марсијал.
Челзи ќе биде комплетен за овој натпревар, па нападот на „сините“ на „Стемфорд бриџ“ ќе биде предводен од Диего Коста, Азар и Педро. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 17