Истанбул, 2. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Кошаркарот на Фенербахче и репрезентативец на Србија, Марко Гудуриќ, летово веројатно ќе се пресели во НБА лигата.
Американските медиуми пишуваат дека Гудуриќ кариерата ќе ја продолжи во Мемфис Гризлис.
Гудуриќ во Фенербахче игра на позициите 2 и 3, во Евролигата имаше 47 отсто реализација на ударите за три поени. Мемфис се наоѓаат во фаза на реорганизација на тимот и Гудуриќ таму би можел да го најде своето „место под сонцето“.
Доколку најавите се остварат Гудуриќ ќе биде уште еден играч кој од Фенербахче изминатите години се пресели во НБА лигата.
Целиот текст тука
извор: Топспорт фото: архива
Прочитано: 2