февруари 17, 2017

Лондон, 17. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Според пишувањто на англиските медиуми еден од најдобрите судии во светот,Марк Клатенбург ја напушта Англија и Премиер лигата.

Иако важи за еден од најдобрите арбитри во светот, сезонава често е мета на критики и е во центарот на вниманието поради своите грешки.Овој 41-годишен судија пред неколку месеци се пожали на огромниот притисок од клубовите и официјално побарал раскин на договорот со Премиер лигата.

Иако се зборуваше дека ќе замине во САД и ќе потпише договор со МЛС лигата или во кинеската Супер лига, сепак Клатенбург се одлучил кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија каде има одличен прием и широко е прифатен од тамошната судиската организација. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука