Мадрид, 5. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Тренерот Карло Анчелоти го пријави младиот норвешки фудбалер Мартин Одегард за осминафиналните дуели со Шалке во Лигата на шампионите.
16-годишниот фудбалер, кој е најмладиот дебитант за една национална селекција во историјата на фудбалот, би можел да стане и најмлад учесник во историјата на ЛШ.
Нигерискиот интернационалец Селестин Бабајаро кој настапи за Андерлехт во ова елитно натпреварување со 16 години и 87 дена го држи рекордот за најмлад учесник. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 7