Скопје/Куманово, 15. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) — Младата и талентирана македонска пејачка Мартија Станојковиќ сними нова песна.
Стилот во песната е оној кој Мартија со задоволство го пее и полека станува нејзин препознатлив печат.
По нејзиниот прв сингл „Love Will Lead Our Way“, песната со која ја претставуваше Македонија на јуниорскиот евросонг 2016 во Малта, а која наиде на одличен прием кај нејзините обожаватели, таа е подготвена за нова музичка авантура со нова песна која ќе ја промовира на своите ФБ и Инстаграм профили.
Комплетен автор и продуцент на песната е Александар Масевски.
За оваа песна ќе биде снимен и видео запис. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 15