Пескара, 15. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Управата на калчолигашот Пескара соопшти дека Масимо Одо повеќе не е тренер на клубот откако раководството на „фенерџијата“ во Серија А решило да му врачи отказ на овој млад тренер.
Првите луѓе на клубот на овој потег се одлучиле по поразот од 5-3 од Торино, меч во кој Пескара имаше негатива од 5-0, кое предизвикало незадоволство кај челниците и навивачите на овој клуб, кои решиле да ја прекинат соработката со поранешниот дефанзивец на Лацио и на Милан.
Пескара по 24 одиграни кола има освоено само девет бода и сигурно се сели во Серија Б. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 34