Милано, 25. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Според пишувањето на италијанските медиуми Милан го договорил првото големо засилување за следната сезона, а станува збор за дефанзивецот на Виљареал, Матео Мусакио.
Мусакио и минатата сезона беше желба на Милан, но тогаш „росонерите“ не успеаа да се договорат со управата на Виљареал која бараше 30 милиони евра за да го ослободи фудбалерот.
Претставници на двата клуба имале средба и наводно ги договориле сите детали од трансферот кој ќе изнесува 18 милиони евра. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 22