Охрид, 1. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денеска во Охрид ќе се одржи стручен состанок „Една вакцина за сите“, наменет за матични лекари, педијатри и гинеколози.
Состанокот е резултат на соработката на Комисија за имунизација при Министерство за здравство и Центар за семејна медицина Медицински Факултет, со цел воведување на 9-валентна ХПВ вакцина во редовниот вакцинален календар.
– На состанокот ќе се обратат проф. д-р Катарина Ставриќ од Медицински Факултет, Скопје на тема „Опфат со задолжителната имунизација на деца во Македонија за 2023 година со осврт на ХПВ вакцина“, за „Медицинско значење и безбедност на ХПВ вакцина“ ќе говори проф д-р Александра Грозданова од Фармацевтски факултет, Скопје, додека за „ХПВ асоцирани заболувања“ ќе говори доц. д-р Ирена Алексиоска- Папестиев од ЈЗУ Универзитетска Клиника за гинекологија и акушерство, Скопје, информираат организаторите. (Крај)
извор: МИА фото: ОхридПрес