Струга, 15. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што вчера, во 17:00 часот се случи на регионалниот пат Струга-Дебар, кај селото Враништа.
– 46-годишниот Е.Н. од струшкото село Подгорци, управувајќи возило „Ауди А4“ со италијанска национална ознака удрил во пешакот, 63-годишната С.З. од селото Враништа, Струга. По незгодата Е.Н. ја однел повредената во Медицинскиот центар во Струга каде била констатирана смрт, информираат од МВР.
Увид на лице место извршиле Јавен обвините и полициски екипи од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај од Струга. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 3