Цирих, 15. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Прв пат во историјата може да се случи три земји да бидат заеднички домаќини на фудбалски мундијал.
Мексико, САД и Канада подготвуваат заедничка кандидатура за организација на СП 2026, објавија фудбалските сојузи на овие три земји.
Доколку успее кандидатурата на трите земји, тоа ќе биде прв пат три земји да бидат домаќини на СП. Светското првенство во 2018 година ќе се одржи во Русија, а домаќин на СП 2022 е Катар. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 14