мај 4, 2018

Охрид, 4. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес претпладне ќе биде сончево, а попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 22. степени.

– Во наредните денови продолжува период на променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови. Поизразена нестабилност ќе има за време на викендот, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука