јули 6, 2018

Охрид, 6. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево и топло со слаб до умерен претежно северозападен ветер. Попладне, главно на североисток и северозапад ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

УВ индексот ќе биде 9, а максималната температура ќе се искачи до 32. степени.

– Во текот на денешниот ден ќе преовладува сончево и топло време, а попладне ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. За време на викендот во попладневните часови, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално се можни поинтензивни процеси. Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика опаѓање на температурите за неколку степени, особено во недела, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: ОрхидПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука