Охрид, 19. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денеска ќе се задржи променливо облачно време, со слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Температурата се очекува да достигне 10. степени.
– Кон крајот на денот во западните и северните делови од земјава ќе има врнежи од дожд, кои на планините и на некои повисоки места ќе поминуваат во снег. Врнежите ќе се интензивираат во текот на ноќта и ќе продолжат и утре претпладне, кога ќе дува и засилен северен ветер, што ќе предизвика позначителен пад на температурата. Потоа следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури кои на места ќе се спуштат под нула, а дневните ќе бидат во пораст, стои во информацијата од УХМР. (Крај)
извор: Метео фото: ОхридПрес
Прочитано: 3