Охрид, 26. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде облачно и студено, со врнежи од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во претпладневните часови, особено во јужните делови. Насекаде ќе се формира дополнителна снежна покривка.
Максималната температура во Охрид до 0. степени.
– Локални врнежи од снег ќе има и утре, претежно во западните делови, а краткотраен снег е можен и во ноќта кон среда. До четврток температурите ќе бидат значително под просекот за овој период од годината. Најстудено ќе биде во среда и четврток преку ноќта, кога утринската температура на места ќе се спушти и под и -10 степени, информираат од УХМР. (Крај)
извор: Метео фото: ОхридПрес
Прочитано: 71