февруари 13, 2018

Охрид, 13. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес облачно со врнежи, кои долж Повардарието ќе бидат од дожд, во останатите делови од дожд и снег, а на планините од снег. Попладне во западните делови ќе има пообилни врнежи кои ќе бидат претежно од снег и ќе предизвикаат позначително зголемување на снежната покривка. Во ноќните часови пообилни врнежи, во пониските делови од дожд, ќе има во југоисточните подрачја. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и засилен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура во Охрид до 4. степени.

– Утре и во четврток во западните и јужните делови ќе има врнежи од снег кои ќе бидат со слаб до умерен интензитет. Потоа времето ќе стабилно со ниски утрински температури, информираат од УХМР. (Крај)

извор: Метео фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука