февруари 28, 2018

Охрид, 28. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес променливо облачно со температури значително под просекот за овој период од годината. Особено студено ќе биде во утринските часови кога на некои места ќе се спуштат и до -10 степени. Во западните и крајните северни делови со повремен слаб локален снег, особено претпладне. Ќе дува умерен, на повисоките места и планините засилен северен ветер.

Максималната температура во Охрид до -1 степен.

– Утре во утринските часови поради разведрувањето температурите ќе бидат многу ниски, на повеќе места ќе се спуштат под -10 степени. Кон крајот на денот во западните делови ќе има локални врнежи од снег, а во петок ќе поминуваат во дожд, но локално ќе има и услови за замрзнат дожд, информираат од УХМР. (Крај)

извор: Метео фото: ОхридПрес

 

 

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука