Охрид, 6. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Денес ќе се задржи променливо облачно време, околу пладне и попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите се очекува да бидат поинтензивни во форма на невреме со можна појава на град.
Максималната температура во Охрид до 14. степени.
– Денес и утре ќе биде особено нестабилно со пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер. Процесите ќе бидат поинтензивни на запад и на југ, каде што ќе има и почеста појава на град. Во вторник и среда ќе биде малку посвежо со повремени врнежи од дожд претежно во попладневните часови, а условите за нестабилност ќе бидат помали, информираат од УХМР.
извор: Метео фото: ОхридПрес
Прочитано: 47