Охрид, 17. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес променливо облачно, во западните делови облачно со врнежи од дожд, на повисоките планини снег. Попладне врнежите ќе се интензивираат и ќе се прошират насекаде, а пообилни ќе бидат на запад (локално над 30л/м2). Ќе дува засилен југозападен ветер.
Максималната температура во Охрид до 11. степени.
– Поради брз продор на студена воздушна маса проследен со засилен северен ветер, во вечерните и ноќните часови врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места, особено во северните и западните подрачјаУтре ќе бида студено со засилен северозападен ветер. Нови врнежи се очекуваат од сабота попладне, информираат од УХМР. (Крај)
извор: Метео фото: ОхридПрес
Прочитано: 4