Охрид, 23. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Денес ќе се задржи променливо облачно, ветровито и значително посвежо време со повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува засилен северен ветер.
УВ индексот ќе биде 6, а максималната температура во Охрид до 18. степени.
– Засилениот северен ветер ќе предизвика значителен пад на температурата за околу 10-на степени. Утре се очекува повремен локален дожд, особено во јужните делови на земјава. Од понеделник до среда ќе има промена на временската состојба, така што времето ќе биде облачно и посвежо со пообилни врнежи од дожд, особено повеќе ќе бидат застапени во западните делови на земјава, информираат од УХМР. (Крај)
извор: Метео фото: ОхридПрес
Прочитано: 7