Охрид, 6. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Денеска ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, особено попладне. Поинтензивни ќе бидат во западните и крајните источни делови (локално над 15л/м2). Само на повисоките планини ќе има повремен снег. Во јужните делови ќе има услови за локална појава на грмежи.
Максималната температура до 12. степени.
– Утре ќе биде претежно суво, a во четврток повторно ќе има локални врнежи кои на планините ќе бидат од снег. До четврток повремено ќе дува засилен ветер. Од петок ќе настапи стабилизација со значително повисоки дневни температури за време на викендот. (Крај)
извор: Метео фото: ОхридПрес
Прочитано: 30