ноември 4, 2017

Охрид, 4. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Се очекува максималната температура во Охрид да се искачи до 12. степени.

– Попладне облачноста и брзината на ветерот ќе се намалуваат. В недела и во понеделник сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Во вторник и среда ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, информираат од УХМР. (Крај)

извор: Метео фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука